Белград: Продолжува конститутивната седница на српскиот парламент

Денеска во Белград продолжува конститутивната седница на српскиот парламент, на која треба да бидат избрани претседател, потпретседатели и секретар. За денеска е најавено и дека српскиот претседател Борис Тадиќ ќе го објави името на мандатарот за состав на нова влада.