Експертите поделени за евентуалната промена на политиката на САД кон Македонија

Соединетите држави се подготвуваат за смената на претседателската администрација, а Македонија ја пропушти шансата да го искористи американскиот засилен ангажман и залагањето во насока на решавање на проблемот со името со соседна Грција во контекст на нашето членство во НАТО, коментираат експертите. Ангажманот континуирано продолжува, освен медијаторот во преговорите за името Метју Нимиц неделава во Скопје доаѓа и американскиот заменик на државниот секретар Розмари Ди Карло. Успеавме да ја добивме, но и брзо ја пропуштиме шансата за искористување на американската подршка, вели аналитичарот Слободан Чашуле:

„Покажавме едно високо ниво на способност на менаџирање, а уште повисока способност за создавање на проблеми. И фатени во тој маѓепсан круг, ние практично го испуштивме возот на добрата волја.“

Со сличен став и аналитичарот Хисен Рамадани:

„Не успеавме заради тоа што САД не успеа да изврши притисок врз другите сојузници и Грција за таа сепак да биде порационална во своите барања.“

Имаме малку време до 9-ти јули кој условно е посочен како рок за да го фатиме чекорот со Хрватска и Албанија за наше членство во НАТО, но со оглед на големото владино мнозинство доколку се ангажираме може да се успее коментираат експертите. Домашната експертска јавност исто така е на мислење дека со промената на претседателската администрација во Соединетите држави ќе има големи измени во надворешната политика кон земјава но можеби ќе има разлики во третманот, коментираат тие:

„Проблемот е во тоа што сега може да се случи со новиот претседател да се измени третманот на факторите на Балканот, па меѓу другите и да се смени односот кон нас, од поддршка да се претвори во притисок.“
„Меѓународната политика на Америка не се менува без разлика на администрацијата, особено за Балканот, посебно што тие кажаа дека уставното име останува.“


велат Чаушле и Рамадани. Во пресрет на посетите на Ди Карло и Нимиц македонскиот државен врв на вчерашната координативна средба ја реафирмиаа позицијата на Македонија за активно учество во преговарачкиот процес за имеото, во кој приоритет ќе биде зачувување на идентитетот и како што е соопштено достоинството на нацијата. Грчките медиуми пишуваат дека при средбите на Нимиц со грчките и македонските власти ќе се разговара за варијантите на името ,,Северна Макеоднија.“