Скопје: Зачувување на идентитетот на нацијата останува највисок приоритет во преговорите за името

Во пресрет на посетата на специјалниот претставник на ОН Метју Нимиц на Македонија, закажана за в петок. за разликите околу името меѓу Македонија и Грција, Државно владиниот врв одржа координативна средба .На средбата на која покрај претесдателот Црвенковски и премиерот Груевски присуствуваа и министерот за надворешни работи Милошоски и специјалниот преговарач за името, Димитров, е реафирмирана познатата позиција на Македонија за натамошно активно учество во овој процес, во кој највисок приоритет е да се зачува идентитетот и достоинството на нацијата.