Љубљана: Словенците го поддржаа предлогот за нова територијална организација

Словенците на референдум го поддржаа предлогот за нова територијална реорганизација, со кој се предвидува формирање на 13 покраини. На изјаснувањато е забележан рекордно низок одѕив од само 10,9 насто. Предлогот го даде Владата, со образложение дека земјата е единствена членка на Европската Унија во која нема регионална поделба и со цел да се намали разликата меѓу словенечките региони.