Токио: Финансиските пазари во Азија на најниско ниво во последните неколку месеци

Финансиските пазари во Азија денеска ја достигнаа најниската точка во изминативе неколку месеци поради стравот дека светската економија продолжува да слабее. Индексот на берзите, освен Јапонија, падна за над 1 процент. Цената на нафтата во овој дел од светот порасна за еден долар и сега е 136 долари за барел. Вчера, Саудиска Арабија соопшти дека ке го зголеми производството на нафта.