Приштина: Генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер во посета на Косово

Генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер денеска ќе допатува во посета на Косово. Схефер во текот на престојот ќе оствари средби со командантот на КФОР генералот Гзавие де Марнак, а ќе се сретне и со специјалниот претставник на ОН Ламберт Заниер и со шефот на мисијата ЕУЛЕКС Ив де Кермабон. Генералниот секретар исто така ќе оствари средби и со косовските лидери, претседателот Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи.