Виена: Шпанија успеа да се пласира во полуфиналето на ЕП во фудбал совладувајќи ја Италија

Фудбалската репрезентација на Шпанија е последниот полуфиналист на Европското првенство во фудбал. Имено, во вчерашниот последен натпревар во четврт финалето, екипата на Шпанија со подобар резултат при изведувањето на пеналите, успеа да ја совлада екипата на Италија со 4:2. Шпанците во полуфиналето ќе играат со Русија, а во вториот полуфинален меч се среќаваат Турција и Германија.