Џеда: Саудиска Арабија е подготвена да го зголеми производството на нафта

Саудиска Арабија соопшти дека е подготвена да го зголеми производството на нафта од сегашните 9,5 милиони барели дневно на 15 милиони барели, за да се ублажи ударот од рекордно високите цени на нафтата. Саудискиот крал Абдула на состанокот на производители и потрошували на нафта што викендов се одржа во Џеда изјави дека ,,шпекулаторите“ како и високите даноци играат клучна улога во зголемувањето цената на нафтата која достигна цена од рекордни 140 долари за барел.