Брисел: ЕУ ќе ги укине санкциите против Куба

Лидерите на Европската Унија постигнале согласност да ги укинат санкциите против Куба, но бараат од комунистичката земја да го подобри односот кон човековите права. Ова на самитот во Брисел го соопшти комесарот за надворешни работи на унијата Бенита Фереро Валднер. Потегот на унијата е насочен кон охрабрување на претседателот Раул Кастро да преземе повеке реформи. Соединетите Американски Држави побараа од Брисел да не ги укинува санцкиите.