Техеран: Иран подготвен да преговара за новиот пакет економски иницијативи со Западот

Иран соопшти дека е подготвен да преговора за новиот пакет економски иницијативи што го понудија западните сили во обид да го убедат Техеран да се откаже од нуклеарната програма. Но, како што денеска во главниот град на Уганда Кампала изјави шефот на иранската диопломатија Манучер Мотаки, и западните земји треба сериозно да ги разгледаат предлозите на Техеран во врска со решавањето на спорот.