Осло: Високиот комесар за малцинства на ОБСЕ бара заштита на јазичните права

Високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства Кнут Волебек на дводневната конференција што се одржува во Осло побара од земјите членки на оваа организација да обезбедат заштита на јазичните права на малцинствата. Тоа, според него, е неопходен предуслов за мир и стабилност во Европа. ,,Превенцијата на меѓуетничките конфликти оди заедно со обезбедување адекватен систем на заштита на јазичните права на малцинствата,, оценува Волебек.