Брисел: Премиерот Груевски на неформална средба на лидерите на Европската народна партија

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во Брисел ќе учествува на неформална средба на лидерите на членките на Европска народна партија, односно на најголемата политичка групација во Европскиот парламент. Најавено е на состанокот да присуствува претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот Парламент Ханс Герт Петеринг.