Тбилиси: Ослободени четворицата руски мировници

Грузија денеска соопшти дека ги ослободила четворицата руски мировници што ги уапси вчера под сомневање дека транспортирале оружје без соодветни документи во близина на Абхазија. Претставник на грузиското министерство за внатрешни работи изјави дека на русите им се вратени и камионите, но оти оружјето ќе биде задржано се додека не заврши истрагата. Руското министерство за одбрана соопшти дека војниците ги имале сите потребни документи.