Ерусалим: Информациите за прекин на огнот со Хамас се преуранети, вели Ехуд Барак

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак изјави дека информациите за прекин на огнот со палестинското милитантно движење Хамас се преуранети. И американскиот Стејт департмент изрази длабоко сомневање во договорот, нагласувајќи оти и доколку тој е вистинит, тешко дека ќе може да го одврати Хамас од тероризмот. Инаку, Египет и Хамас соопштија дека од утре во сила ќе стапи шестмесечно примирје, со кое ќе бидат прекинати ракетните напади врз Израел од појасот Газа, како и израелските воздушни напади врз таа територија.