Лондон: Американскиот претседател Буш на средба со Гродон Браун

Американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Гордон Браун се очекува денеска во Лондон да разменат мислења за повеќе меѓународни прашања, посебно за ситауциите во Ирак и Авганистан. Против престојот на Буш во Лондон вчера протестираа околу две илјади луѓе, при што полицијата уапсила дваесетина. По Британија Буш заминува за Северна Ирска со што ќе ја заврши неговата, како што се смета, последна турнеја по Европа пред да ја напушти функцијата во јануари догодина.