Кандахар: Убиени најмалку 15 милитанти во потрагата по избеганите затвореници

Во потрагата по избеганите затвореници авганистанските и коалициските сили убиле најмалку 15 бунтовници во јужен Кандахар соопшти денеска американската војска. Сеуште не е потврдено дали некој од загинатите е од групата затвореници по кои се трага. Според авганистанските власти 870 лица избегале при координираниот напад на талибанските милитанти врз затворот во петокот.