Даблин: Ирска го отфрли Лисабонскиот договор за ЕУ

Иднината на Лисабонскиот договор за реформи во Европската Унија, е доведена во прашање, откако беше отфрлен на референдумот во Ирска. Франција, Германија и другите подржувачи на договорот ги повикаа земјите членки да продолжат со ратификациите, но чешкиот претседател Вацлав Клаус оцени дека Лисабонскиот договор е мртов. Овој договор досега го ратификуваа 18 земји членки, а треба да овозможи реформи во институциите на Европската Унија.