Токиот: Најмалку двајца загинати во силен земјотрес во северниот дел на Јапонија

Силен земјотрес, со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала, го погоди северниот, рурален дел на Јапонија, при што две лица загинале, а над 100 биле повредени. Епицентарот на земјотресот бил на околу 300 километри северно од Токио, а се почувствувал во поголемиот дел на Јапонија.