Белград: Коштуница отфрли секаква промена на мисијата на УНМИК

Српскиот премиер Воислав Коштуница отфрли секаква промена на мисијата на УНМИК, предложена од генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун. Тој смета дека предлогот за ангажирање на мисијата ЕУЛЕКС, под покровителство на Светската организација, не е во согласност со резолуцијата дванаесет четириесет и четири. Бан ки Мун предложи Европската унија постепено да презема поголеми одговорности во полицијата.