Атина: Самит на УНЕСКО

На самитот во Атина, организиран од УНЕСКО, се очекува да биде усвоена заедничка декларација на единаесет земји од Југоисточна Европа за унапредување на нивната соработка на подрачјето на културата. Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски го откажа учеството на самитот, бидејќи грчките власти не допштија слетување на македонски авион.