Скопје: Димитриј Рупел денеска во посета на Македонија

Денеска во посета на Македонија ќе допатува Димитриј Рупел министер за надворешни работи на Словенија, земја актуелен претседавач со ЕУ. Тој ќе се сретне со претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски, како и со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Неговата посета на земјава доаѓа пред прегласувањето на изборите в недела на повеќе гласачки места.