Њујорк: Преговорите за името продолжуваат, изјави Метју Нимиц

Ќе се вратиме на работа и набрзо ќе допатувам во регионот за да видам дали можеме да го решиме прашањето околу спорот со името, истакна вечера медијаторот на ОН Метју Нимиц по средбата во Њујорк со македонскиот и грчкиот преговорач Никола Димитров и Адамантиос Василакис. Нимиц уште додаде дека изборите во Македонија не се никаква пречка за процесот поради што ги одбил барањата на Атина преговорите да бидат прекинати додека небиде формирана новата македонска влада. Според Нимиц, деветти јули како датум кој што го даде НАТО како услов за привршување на разговорите ако Македонија сака да и се приклучи на Албанија и Хрватска во Алијансата, не влијае на процесот кој нема краен рок за решавање.