Париз: Донаторска конференција за Авганистан

Во Париз денеска започна донаторска конференција за Авганистан, што ја отвори францускиот претседател Никола Саркози, а учествуваат претставници на 65 земји и 15 меѓународни организации. Авганистан очекува околу 50 милијарди долари помош за 5-годишниот план за развој, но донаторите ќе побараат од таа земја поефикасна битка против корупцијата.