Вашингтон: Светската Банка ги повика земјите од Западен Балкан да ја продлабочат интеграцијата со ЕУ

Светската банка ги повика земјите од Западниот Балкан да го продлабочат процесот на интеграција со Европската унија и меѓусебната соработка, да ги намалат трошоците за телекомуникациски услуги и да го решат проблемот со недостигот на електрична енергија, со цел да го поддржат својот економски развој. Во извештајот на Банката се наведува дека последните пет години, беа прилично добри за земјите од Западниот Балкан. Тие сега би требало да се подобрат и да ги оддржат своите успеси во намалувањето на сиромаштијата и да се приближат кон Унијата, дури и доколку опкружувањето им постави нови предизвици.