Берлин: Дипломатијата прв избор на САД со Иран, изјави Буш

Американскиот Претседател Џорџ Буш изјави дека дипломатијата е негов прв избор кога станува збор за проблемот со Иран. Овој коментар Буш го даде денеска по средбата со германскиот канцелар Ангела Меркел во Берлин на разговорите посветени на иранската нуклеарна програма, климатските промени и растечката цена на нафтата. Буш вчера во Словенија присуствуваше на американско – европскиот самит.