Сечуан: Денеска нов земјотрес од пет степени според Рихтер

Кинеската провинција Сечуан денеска ја погоди земјотрес со јачина од 5 степени, според Рихтеровата скала, речиси еден месец по катастрофалниот земјотрес во кој загинаа околу 70 илјади луѓе. И денешниот потрес, кој траел 10-тина секунди, се смета дека е последица од смирувањето на земјиштето во регионот и засега нема информации за повредени.