Анкара: Турската владеачка партија го обвини Уставниот суд за мешање во овластувањата на парламентот

Турската владеачка партија на Правдата го обвини Уставниот Суд дека го прекршил Уставот со пресудата за поништување на одлуката на владата со која се дозволува носење фереџе на Универзитетите во земјата. Според партијата, ова е мешање во законодавните овластувања на Парламентот и кршење на начелата на одвоеноста на власта. Одлуката на уставниот суд ја зголеми веројатноста дека, владеачката партија ќе биде забранета во одвоен процес за исламска субверзија и уривање на секуларниот поредок.