Белград: Состанок на меѓународниот комитет за изградба на паневропски нафтовод

На денешниот состанок на Меѓународниот комитет за изградба на Паневропскиот нафтовод во Белград ќе бидат разгледани натамошните чекори во врска со нафтоводот. Се проценува дека неговата изградба ќе чини околу три ипол милијарди долари. Нафтоводот со должина од илјада и четиристотини километри би требало да поминува низ Романија, Србија, Хрватска и Словенија и Италија.