Охрид: Почна имплементацијата на договорот за заеднички гранични патроли со Албанија

Во Охрид денеска почна имплементација на Договорот меѓу министерствата за внатрешни работи на Македонија и Албанија за мешовити патроли по должината на заедничката граница. Целта е да се зацврсти полициската соработка меѓу двете соседни држави за да се спречат опасности за безбедноста и за да се постигне поефикасна борба со прекуграничниот криминал.