Берлин: Најмалку три лица настрадале во невремето во Баден Виртемберг

Најмалку 3 лица настрадале, а 10-тици биле повредени во силното невреме што синоќа ја зафати германската покраина Баден Виртемберг. Силниот дожд предизвикал големи поплави од кои биле оштетени патишта, куќи, а многу луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.