Рига: Самит на државите од балтичкиот регион

Во летонскиот главен град Рига, започнува дводневен самит на државите од регионот на Балтичко Море. Претставници од Русија, Полска, Германија, Данска, Норвешка, Исланд, Шведска, Финска, Естонија, Литванија и Летонија, ќе разговараат за енергетската стабилност и за заштитата на човековата околина.