Скопје: Меѓународната заедница загрижена поради изборните насилства

Меѓународната заедница е загрижена поради насилствата во делови од земјата кои фрлија дамка врз парламентарните избори. Амбасадата на САД соопштти дека Вашингтон од Македонија очекува да го повтори гласањето во избирачките места, каде меѓународните набљудувачи регистрирале сериозни инциденти. НАТО ќе ги анализира многу внимателно крајните заклучоци на мисијата набљудувачи од ОБСЕ по завршувањето на изборниот процес се наведува во соопштението на Генерлниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Шефер во кое се нагласува дека земјите кои се стремат да добијат членство во НАТО, треба да ги вложат сите напори да бидата на висината на демократските стандарди. Осуда на насилствата во Македонија на предвремените избори изрази и високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана.