Тирана: Вознемиреност кај албанските власти по барањето на Грците од јужна Албанија за автономија

Барањето на префектот на албанската околија Ѓирокастро, Спиро Ксера, за автономија на Грците во јужна Албанија, предизвика вознемиреност кај албанските власти, јави МИА од Тирана.
Комисија за надворешна политика побара премиерот Сали Бериша, да го разреши Ксера, како и итна примена на законските одредби кои предвидуваат затворска казна од 10 години за поттикнување етничка омраза и поделба на територијата на земјата. На изјавата на Ксера реагираше и Атина која оцени дека еден локален функционер не може да менува државни граници.