Пекинг: Повеќе од 190 илјади луѓе евакуирани од Сечуан

Повеќе од сто и деведесет илјади луѓе биле евакуирани од подрачјето во близина на епицентарот на катастрофалниот земјотрес што пред извесно време ја погоди Кина. Жителите на градот Јуџијан биле префрлени поради поплави до кои може да дојде по излевањето на езерата што биле направени од одроните на карпи во тамошните реки. Во земјотресот во Сечуан загинале скоро седумдесет илјади луѓе.