Тузла: Шест лица убиени во оружен напад

Шест лица биле убиени, а едно потешко рането во оружен напад што денеска во близина на Тузла го извршил извесен Томислав Петровиќ кој веднаш бил упасен, соопшти босанската полиција. Тој првите три убиства ги извршил во Липнице каде што потоа нападнал градски автобус, во кој пукајќи убил три лица и тешко го ранил возачот. Мотивите за убиството се уште не се познати.