Љубљана: Денеска изложба „Неолитска уметност од Македонија“

Во Народниот музеј на Словенија вечер ќе биде отворена изложбата „Неолитска уметност од Македонија“ на Музејот на Македонија, на која ќе бидат презентирани 82 предмета од керамика, пластика и култна пластика кои датираат од периодот од раниот до доцниот неолит. Во рамките на култната пластика ќе биде претставен култот на Големата Мајка како основен белег на духовниот живот на населението на територијата на Македонија во времето на неолитот.