Париз: Владата ќе потпише договор за француска директна инвестиција од 60 милиони евра

Делегација на владата на РМ предводена од премиерот Никола Груевски денеска во Париз ќе потпише договор со реномирана француска компанија од областа на автомобилската индустрија за изградба на фабрика во слободната економска зона Бунарџик. Како што јави МИА, станува збор за инвестиција вредна 60 милиони евра, која за шест години треба да достигне вкупно 100 милиони евра. Според првичните проекции, веднаш ќе бидат вработени 500 лица, а приходот што ќе се реализира за пет години се очекува да достигне 200 милиони евра.