Сомалија: Пирати заробиле холандски брод

Сомалијски пирати заробиле еден холандски карго брод во близина на брегот на Сомалија. Бродот патувал за Романија со руски и филипински екипаж. Во близина на брегот на Сомалија, лани беа киднапирани 20 бродови, а оваа година најмалку 10.