Атина: Акција на грчката полиција за протерување на нелегални странски мигранти

Грчката полиција, според албанските медиуми почнала акција за протерување на странските државјани кои нелегално престојуваат на територијата на Грција. Според истите извори станува збор за главно албански државјани кои биле откриени во пограничните градови Лерин и Костур а се од северниот дел на Албанија.