Брисел: Жестоки судири меѓу фудбалските навивачи на Андерлехт и полицијата

Во Брисел синоќа дошло до жестоки судири меѓу фудбалски навивачи и полицијата, која морала да употреби солзавец и водени топови за да се одбрани од нападите со камења и шишиња. 4 метро станици биле затворени за време на нередите, кои тареле околу 4 часа. Според полицијата, насилствата биле организирани преку Интернет и уследиле по претходната конфронтација меѓу фановите на Андерлехт и група малди од северно-африканско потекло.