Пекинг: Над 60 илјади лица загинале во земјотресот во Кина

Кинескиот премиер Вен Џибао соопшти денеска дека во земјотресот што ја погоди земјата пред две недели, загинале над 60 илјади луѓе и оти бројката сеуште не е конечна. Џибао денеска го придружуваше генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун во посетата на настраданите подрачја во провинцијата Сечуан.