Тбилиси: Партијата на Саакашвили по се изгледа со уставно мнозинство

Грузиската централна изборна комисија соопшти денеска дека партијата на претседателот Михаил Саакашвили по се изгледа ќе добие дво третинско, таканаречно уставно мнозинство во парламентот. Имено, според деведесете насто пребројани гласови, Движењето за национално единство има скоро шеесет насто од пратеничките места. Опозицијата обвинува за изборни неправилности и најави протести и бојкот на парламентот.