Пекинг: Дмитриј Медведев во официјална посета на Кина

Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска ја почнува официјалната посета на Кина каде што, меѓу другото, ќе разговора и со претседателот Ху Џинтао. Пекинг е втората дестинација на Медведев во неговата прва турнеја по странство откако ја презеде функцијата во почетокот на овој месец од сегашниот премиер Владимир Путин. Пред посетата Медведев оцени дека Кина е една од најважните надворешно политички партнери на Русија. Вчера тој престојуваше во Казахстан.