Мјанмар: Хунтата се согласила хуманитарни работници да помагаат во Мјанмар

Хунтата во Мјанмар денеска се согласила да им дозволи на сите хуманитарни работници да им помогнат на над двата милиона преживеани во циклонот Нагрис. Оваа го соопшти генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун по неговите разговори со претсатвници на воениот режим во Мјанмар. Во циклонот што ја погоди таа земја пред три недели загинаа или се водат како исчезнати над сто и триесет илјади луѓе.