Њујорк: Цената на нафтата достигна нов рекорд – 135 долари за барел

Цената на нафтата постигнува нови рекорди на светските берзи. На азискиот пазар денеска се продаваше за 135 долари за барел. Како што расте цената на нафтата, така паѓа вредноста на американскиот долар во однос на еврото и другите валути. Едно евро се разменува за околу 1,57 долари.