Бејрут: Ривалските либански лидери треба да го потпишат договорот за крај на кризата

Ривалските либански лидери се очекува денеска да го потпишат ноќеска постигнатиот договор со кој ќе се реши 16 месечната криза во земјата. Про-западната влада и опозицијата на Хизболах договорот го постигнаа по денови преговори во Доха – Катар под посредништво на Арапската Лига. Во договорот е предвиден и избор на Претседател и нов изборен закон. До разговорите во Доха дојде по најжестоките судири меѓу владините подржувачи и силите на Хизболах од граѓанската војна која траеше од 1975 до 1990 година.