Поморие: Продолжува состанокот на земјите од Процесот на соработка во ЈИЕ

На денешната средба на државите-членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во бугарскиот град Поморие, на дневен ред се зајакнувањето на регионалната соработка и стабилноста во регионот.На форумот, на кој учествува Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски ќе се разговара и за европските перспективи на државите од Југоисточна Европа. Нов претседавач со Процесот ќе биде Молдавија.