Кабул: НАТО ги засилува трупите на авганистанската граница

НАТО соопшти дека ги засилува трупите на авганистанската граница, поради страхувањата дека примирјето меѓу Пакистан и про-талибанските милитанти би можело да предизвика интензивирање на нападите на бунтовниците во Авганистан. НАТО додава дека веќе има поголем број инциденти во источен Авганистан, во близина на границата со Пакистан.