Катар: Средба на ривалските лидери во Либан во обид за деблокирање на работата на владата

Ривалските лидери во Либан, односно претставниците на либанската влада и претставници од опозицијата предводена во Хезболах, ќе се сретнат денеска во Катар во обид да да ги прекинат заладените односи, кои ја парализираа работата на владата и го оставија Либан без претседател од ноември. Медијаторската мисија на Арапската Лига вчера обезбеди договор за прекин на насилствата, во којшто двете страни се обврзуваат на преговори во Доха како дел од договорот.