Њујорк: ОН предупреди дека светската економија е на работ на сериозен пад

Обединетите Нации предупредија дека светската економија е на работ на сериозен пад, и дека економскиот раст во 2008 година ќе биде 1,8 насто. Тоа е пад за 2 отсто во споредба со растот минатата година што изнесуваше 3,8%. Главна причина за оваа состојба е натамошната нестабилност на пазарот со недвижности во Соединетите Држави како и на финансискиот пазар.